„ЦРН ПОНЕДЕЛНИК“ ВО ЗАГРЕБ ЗА ПОДДРШКА НА ШТРАЈКОТ НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:19:"Загреб,(Н1)

    „ЦРН ПОНЕДЕЛНИК“ ВО ЗАГРЕБ ЗА ПОДДРШКА НА ШТРАЈКОТ НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛСКА

    Во Загреб утре ќе се одржи марш за поддршка на штрајкот на жените во Полска, кои протестираат против предлог законот за целосна забрана на абортусот, кој веќе е во парламентарна процедура. Маршот во Загреб ќе се одржи на улицата „Варшавска“ и го организира Иницијативата „Одбрани го правото на избор“, основана за зачувување на правото на легален, сигурен и достапен абортус во Хрватска.

    Жените во Полска утре ќе одржат општ женски штрајк за одбрана на нивните права.

    „Тој ден жените нема да одат на работа и на факултети и нема да ги вршат своите други активности. Место тоа, облечени во црно, ќе одржуваат демонстрации и други јавни акции. Штрајкот е инспириран од историскиот ‘Црн понеделник’ на жените од Исланд во 1975 година. Со нашата акција сакаме да изразиме солидарност со жените во Полска и да предупредиме на заканите по правото на абортус во Хрватска“, се вели во повикот за утрешниот марш во Загреб.

    „Облечете црно“, порачаа од Иницијативата.

    Илјадници Полјаци, многумина од нив облечени во црно, протестираа вчера пред парламентот во Варшава против предложениот закон со кој би се воспоставила целосна забрана на абортусот. Говорниците на таканаречениот „Црн протест“ кажаа дека целосната забрана на абортусот, вклучувајќи ги и жртвите на силување или жени чии животи се во опасност поради бременоста, би била „варварска“.

    Полска веќе има еден од најрестриктивните закон за абортус во Европа. Предлог законот за целосна забрана на абортусот сега се разгледува во парламентарна комисија, а гласањето не се очекува во наредните неколку недели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира