ТУРЦИЈА ГИ АПСЕШЕ ДЕМОНСТРАНТИТЕ ЗА 1 МАЈ, ВО ИТАЛИЈА ВТОРА ГОДИНА БЕЗ ПРВОМАЈСКИ ПРОТЕСТИ И КОНЦЕРТИ

    ТУРЦИЈА ГИ АПСЕШЕ ДЕМОНСТРАНТИТЕ ЗА 1 МАЈ, ВО ИТАЛИЈА ВТОРА ГОДИНА БЕЗ ПРВОМАЈСКИ ПРОТЕСТИ И КОНЦЕРТИВо Турција полицијата ги сопре протестите и уапси стотина демонстранти. (Фото: АП)

    Работниците и синдикалните лидери и во време на карантини поради ковид пандемијата маршираа на 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, барајќи поголеми заштита на работничките права, со оглед на тоа дека пандемијата ги преврте наопаку економиите и работните места.

    Во Париз се уапсени 34 лица, а во Лион се повредени 27 полицајци. (Фото: АП)

    Во земјите кои го одбележаа празникот, имаше одамна невидена глетка, групи луѓе кои стојат блиску едни до други и маршираат со стиснати тупаници зад транспарентите. Во Турција и на Филипините, полицијата ги сопре протестите и уапси стотина лица. Во Франција, пак, некои од демонстрантите се судрија со полицијата, при што во Париз се уапсени 34 лица, а во Лион се повредени 27 полицајци.

    Првомајски демонстрации во Минхен. (Фото: АП)

    Во Русија, поради рестрикциите, Комунистичката партија привлече само неколку граѓани, а во Италија, втора година по ред, 1 Мај помина без вообичаените големи маршеви и рок-концерти.

    Од денешните првомајски демонстрации во Марсеј, Франција. (Фото: АП)

    За синдикалните лидери, овој ден беше тест за нивната способност да го мобилизираат работниците среде длабоките економски пореметувања. Но, во Франција и Германија каде што беа дозволени демонстрации, работниците протестираа поради несигурните работни места и за економска заштита.

    Во Македонија, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) закажа протест за 8 мај под мото „Синдикално будење“, кој како што велат, „е резултат на недостатокот на социјален дијалог и наталожените проблеми со кои се соочуваат огромен број од работниците во нашата држава“. Во прогласот по повод 1 Мај, сите независни сидникати побараа итно носење на новиот Закон за работните односи, покачување на минималната плата, како и измени и дополнување на Правилникот за професионални болести со цел болеста предизвикана од ковид-19 да се предвиди како „повреда на работа“ за сите работници и соодветно на тоа, надоместокот на плата ќе се исплаќа во висина од 100% од основицата, додека трае спреченоста за работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира