ТУРЦИЈА ГИ ЗАТВОРИ ДИРЕКТОРОТ, ГЛАВНИОТ УРЕДНИК, НОВИНАР И УШТЕ 12-МИНА ОД ВЕСНИКОТ „ЏУМХУРИЕТ“ ПОД ОБВИНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ

    ТУРЦИЈА ГИ ЗАТВОРИ ДИРЕКТОРОТ, ГЛАВНИОТ УРЕДНИК, НОВИНАР И УШТЕ 12-МИНА ОД ВЕСНИКОТ „ЏУМХУРИЕТ“ ПОД ОБВИНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАММеѓу другите, казна затвор добија извршниот директор на весникот Акин Аталај, главниот уредник Мурат Сабунџу и на водечкиот истражувачки новинар Амет Шик(Фото: АФП)

    Двајца уредници, еден искусен репортер и уште 12 вработени во турскиот весник „Џумхуриет“ добија затворски казни под обвинение дека поддржувале терористичка организација, случај што предизвика широка меѓународна осуда.

    Меѓу другите, судот во Силиври во близина на Истанбул им изрече ваква казна на извршниот директор на весникот Акин Аталај, главниот уредник Мурат Сабунџу и на водечкиот истражувачки новинар Амет Шик.

    Турција затвори голем број новинари по неуспешниот државен удар во јули 2016 година, тврдејќи дека се поврзани со движењето на Фетула Ѓулен, кого владата го обвинува дека го организирал пучот.

    Аталај, кој претходно помина 500 дена во притвор, пред судот кажа дека неговиот опозициски весник нема да биде уплашен од судскиот процес. Тој и неговите вработени ги негираат обвинувањата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари