УКРАИНА И РУСИЈА ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ИЗВОЗ НА ЖИТО ПРЕКУ ЦРНОТО МОРЕ

    УКРАИНА И РУСИЈА ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ИЗВОЗ НА ЖИТО ПРЕКУ ЦРНОТО МОРЕНа договорот му посредуваа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес и турскиот претседател Ердоган (Фото: ЕПА)

    Русија и Украина денеска во Истанбул потпишаа договор кој треба да доведе до одблокирање на украинските пристаништа на Црното Море и до извозот на милиони тони заглавено жито. Тоа е првиот успех на дипломатијата од почетокот на руската инвазија и следува по два месеца преговори, во што посредуваа генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Турција ќе прави инспекција на бродовите за да се обезбеди дека не пренесуваат оружје.

    Гутерес го опиша договорот како пакет кој ќе овозможи продолжување на извозот на украинското жито, чии залихи се проценуваат на 22 милиони тони и ќе го олесни транспортот на руските жито и ѓубриво, и покрај западните санкции.

    Денес на Црното Море има светилник. Светилник на надеж и можности. Ова е олеснување што му беше потребно на светот“, изјави Гутерес.

    Иако двете страни се согласија со договорот, тие не го ставија потписот на ист лист хартија, ниту седнаа на иста маса. Советникот на Зеленски, Михајло Подољак, претходно кажа дека Украина и Русија ќе потпишат различни договори, „зашто Украина не потпишува никакви договори со Русија“.

    Блокадата на украинското жито го наруши глобалниот ланец на снабдување и ги покачи цените. Минатата година, украинското жито беше извор на храната за 400 милиони луѓе, првенствено во најсиромашните делови од светот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира