УКРАИНЦИТЕ НАПРЕДУВААТ НА ЈУГОТ И ЈА ОБВИНУВААТ РУСИЈА ДЕКА САКА ДА ГО ПРЕТВОРИ ХЕРСОН ВО „ГРАД НА СМРТТА“

    УКРАИНЦИТЕ НАПРЕДУВААТ НА ЈУГОТ И ЈА ОБВИНУВААТ РУСИЈА ДЕКА САКА ДА ГО ПРЕТВОРИ ХЕРСОН ВО „ГРАД НА СМРТТА“Украинската противофанзива ги натера Русите на повлекување од Херсон (Фото: СОПА)

    Укранските сили напредуваа на југот откако Москва ѝ нареди на својата војска да се повлече од градот Херсон. Киев предупреди дека Русите при повлекувањето сакаат да го претворат Херсон во „град на смртта“, оставајќи замки и мини насекаде.

    Главниот заповедник на украинската војска, Валери Залужни, вели дека засега не може да се потврди дали Русите навистина се повлекуваат од Херсон, но додаде дека украинските трупи напредувале седум километри во изминатите 24 часа и ослободиле 12 населени места. Мала група украински војници беше снимена во центарот на гратчето Снихуривка во областа Миколаив, 55 километри северно од градот Херсон.

    Михајло Подољак, советникот на претседателот Зеленски, изјави дека Русите сакаат да го претворат Херсон во „град на смртта“ така што минираат сè, од станови до канализација и планираат да го гранатираат од другата страна на реката Днепар.

    Руската војска објави повлекување од Херсон само еден месец откако Владимир Путин прогласи анексија на оваа област. Руските државни медиуми го бранат ова како тежок, но неопходен потег.

    „Руските единици вршат маневар кон однапред подготвените позиции на левиот брег на Днепар во строга согласност со одобрениот план“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков.

    Началникот на генералштабот на американската војска, Мајк Мили, кажа дека имаше назнаки дека Русија подготвува повлекување, за чие комплетирање ќе биде потребно некое време.

    По руските порази во северна и источна Украина, повлекувањето од Херсон ја остава Москва со малку добивки од осум и полмесечната војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира