УНГАРИЈА И ПОЛСКА ГО БЛОКИРАА БУЏЕТОТ НА ЕУ ПОРАДИ КЛАУЗУЛАТА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

    УНГАРИЈА И ПОЛСКА ГО БЛОКИРАА БУЏЕТОТ НА ЕУ ПОРАДИ КЛАУЗУЛАТА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТОБуџетот од 1.100 милијарди евра требаше да ја извлече Унијата од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот (Фото: ЕПА)

    Унгарија и Полска го блокираа изгласувањето на буџетот на Европската Унија поради клаузулата според која одобрувањето на европски фондови зависи од почитувањето на владеењето на правото. Финансискиот пакет вклучува и фонд за заздравување од коронавирусот вреден 750 милијарди евра.

    Унгарија и Полска често се критикуваат за кршење на демократските стандарди кои се вградени во основачкиот договор на Унијата. Двете земји се наоѓаат под истрага за поткопување на независноста на судството, медиумите и невладините организации.

    Буџетот од 1.100 милијарди евра беше усвоен во јули по четиридневен самит и тој требаше да ја извлече Европската Унија од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Европските амбасадори неодамна во него вклучија клаузула која го овозможува пристапот до фондовите на Унијата само доколку се почитува владеењето на правото. За изгласувањето на буџетот беше потребна едногласна поддршка од сите 27 членки на ЕУ, на што Унгарија и Полска ставија вето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира