УШТЕ ДЕНЕСКА БИ МОЖЕЛО ДА ИМА НОВ НАПАД НА КАБУЛСКИОТ АЕРОДРОМ, ПРЕДУПРЕДИ БАЈДЕН

    УШТЕ ДЕНЕСКА БИ МОЖЕЛО ДА ИМА НОВ НАПАД НА КАБУЛСКИОТ АЕРОДРОМ, ПРЕДУПРЕДИ БАЈДЕНВо изминатите две недели, од Кабул се евакуирани околу 110.000 луѓе (Фото: АП)

    Многу е веројатно дека наскоро ќе има уште еден напад на аеродромот во Кабул, предупреди американскиот претседател Џо Бајден, додавајќи дека неговите воени командири му рекле дека тоа би можело да се случи уште денеска. Стејт департмент ги предупреди американските граѓани да ја напуштат областа во близина на аеродромот поради „специфична, кредибилна закана“.

    „Моите командири ме информираа дека постои можност за нов напад во наредните 24-36 часа“, кажа Бајден синоќа.

    САД продолжуваат со евакуациите од Кабул, додека Велика Британија вчера ги извлече своите последни војници, дипломати и официјални лица.

    Во бомбашкиот напад во близина на аеродромот во четвртокот загинаа околу 170 луѓе, вклучувајќи 13 Американци. Во знак на одмазда, САД во напад со дрон убиле двајца високорангирани припадници на Исламска држава Корасан во источен Авганистан, но нејасно е дали тие биле директно вмешани во нападот на аеродромот.

    „Тоа не беше нашиот последен напад. Ќе продолжиме да ги гониме оние кои беа вмешани во тој ужасен напад и ќе платат за тоа“, кажа Бајден вчера.

    Американските војници почнаа да се повлекуваат од аеродромот во Кабул и сега ги има околу 4.000.

    „Наредните неколку дена ќе бидат најопасни откако почна евакуацијата“, соопшти Белата куќа.

    Официјално лице на една западна земја кажа дека останува да се евакуираат уште околу 1.000 цивили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира