ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО САД СЕ ОЧЕКУВА ДА ПОЧНЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ

    ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО САД СЕ ОЧЕКУВА ДА ПОЧНЕ НА 11 ДЕКЕМВРИОдлука за одобрување на вакцината на Фајзер треба да има на 10 декември. (Фото: АП)

    Првите Американци што треба да примат вакцина против ковид-19 можат да ја добијат најрано на 11 декември, според шефот на американската програма за вакцина против коронавирус. Д-р Монсиф Слауи денеска кажа дека планот им е да испратат вакцини на локациите за имунизација во рок од 24 часа откако вакцината ќе биде одобрена.

    Во САД досега се регистрирани повеќе од 14 милиони случаи на коронавирус и 255.000 починати, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Тоа се највисоки бројки во целиот свет.

    Американската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек поднесоа апликација за одобрение за употреба во итни случаи на нивните вакцина против ковид-19. Податоците од клиничките тестови покажаа дека вакцината заштитува 94 отсто од луѓето на 65 години Фајзер се надева да произведе до 50 милиони дози во 2020 година и околу 1,3 милијарди дози во 2021 година. За имунизација потребни се две дози.

    Комитетот за вакцини на Администрацијата за храна и лекови треба да се состане на 10 декември да одлучи дали ќе ја одобри вакцината.

    Слауи рече дека први ќе бидат вакцинирани ризичните групи, како здравствените работници и постарата популација. Тој очекува до мај следната година САД да постигнат колективен имунитет со вакцинација на 70 отсто од населението.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира