ВО ИТАЛИЈА УШТЕ 766 МРТВИ ОД КОВИД-19, СЀ ПОВЕЌЕ ПОЧИНАТИ И ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

    ВО ИТАЛИЈА УШТЕ 766 МРТВИ ОД КОВИД-19, СЀ ПОВЕЌЕ ПОЧИНАТИ И ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈАПрипадници на италијанската армија собираат ковчези со починати од КОВИД-19 во Бергамо (Фото: Блумберг)

    Втор ден по ред, Италија бележи благ пораст на бројот на починати од КОВИД-19, откако во последните 24 часа оваа болест однесе 766 животи, шест повеќе во однос на вчера.

    Италија со тоа се ближи кон бројката од 15.000 починати, засега застанувајќи на 14.681.

    Продолжи трендот на опаѓање на бројот на новозаразени – 4.585 во еден ден. Од досега заразените 119.827, излекувани се речиси 20.000.

    Нов тежок ден имаше и Шпанија, каде што во последните 24 часа се регистрирани 932 починати, само 18 помалку во споредба со вчера, и 7.472 новозаразени. Вкупната бројка починати во Шпанија сега изнесува 10.935. Излекувани се над 30.500 пациенти, од кои речиси 4.000 се нови.

    „Имаме напредок. Бројот на нови случаи се стабилизира, иако, за жал, за момент ја поминавме Италија во вкупната бројка заразени“, изјави директорот на Координативниот центар на итни служби, Фернандо Симон, кој исто така се зарази со коронавирус.

    Убедливо најмногу заразени имаат САД – речиси 260.000, од кои 6.572 починале, а сѐ повеќе мртви има и во Велика Британија – 684 во последните 24 часа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира