ВО ЈУЖНА КОРЕЈА РЕКОРДНИ 594 НОВОЗАРАЗЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН, СЕ ИСТРАЖУВА СЕКТА ПОВРЗАНА СО ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ВО ЈУЖНА КОРЕЈА РЕКОРДНИ 594 НОВОЗАРАЗЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН, СЕ ИСТРАЖУВА СЕКТА ПОВРЗАНА СО ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТЈужнокорејската војска дезинфицира големи делови од градот Даегу (Фото: АП)

    Јужна Кореја го имаше најголемиот пораст на бројката заразени од коронавирусот во еден ден, пријавувајќи 594 нови случаи. Во земјата сега има 2.931 заразен, а 17 луѓе починаа и ова е најголемото ширење на КОВИД-19 надвор од Кина.

    Војската е распоредена во најтешко погодениот регион, при што се дезинфицираат големи делови од југоисточниот град Даегу.

    Се верува дека наглото ширење на вирусот во Јужна Кореја е поврзано со една христијанска секта, чии членови се заразиле меѓу себе за време на службите во Даегу, по што тоа незабележано се проширило низ земјата. Во центарот на истрагата е 61-годишна жена, за која се верува дека е една од првите заразени. Таа присуствувала на неколку црковни собири пред да биде тестирана и така го пренесувала вирусот.

    Американските власти истражуваат три необични случаи во Калифорнија и Орегон во кои заразените не патувале во погодени области или имале контакт со други заразени. Во САД сега има 59 случаи на коронавирус.

    Италија објави дека во земјата има 822 заразени, но половина од нив имаат благи симптоми и не се хоспитализирани. Досега починале 21 лице, а 46 се целосно излекувани, објави агенцијата „Анса“.

    САД им препорачаа на своите жители да не патуваат во Италија, додека Австралија забрани летови од Иран откако се појавија информации дека таму починале 210 луѓе од КОВИД-19.

    Во Кина вчера починале 47 луѓе, речиси сите во провинцијата Хубеи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира