ВО СОЛУН ПОТВРДЕН ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

    ВО СОЛУН ПОТВРДЕН ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУСЗаразената 38-годишна жена неодамна била во северна Италија (Фото: Анса)

    Грција денеска го потврди првиот случај на коронавирус.

    Здравствените власти на Грција објавија дека тој е регистриран во Солун и дека станува збор за 38-годишна жена која неодамна патувала во северна Италија. Нејзиното семејство е ставено во карантин на 14 дена.

    Северна Италија е дел од Европа кој е најпогоден од коронавирусот, при што во регионот Ломбардија има 258 заразени, а во Венето 71.

    Во Италија досега починале 12 луѓе, а тамошните власти објавија дека се заразени и четири деца, од кои најмалото има четири години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира