ВРХОВНИОТ СУД НА САД ГО УКИНА ПРАВОТО НА АБОРТУС ВО ЗЕМЈАТА

    ВРХОВНИОТ СУД НА САД ГО УКИНА ПРАВОТО НА АБОРТУС ВО ЗЕМЈАТАВрховниот суд повторно ја разгледуваше пресудата од случајот Роу против Вејд на барање на Мисисипи (Фото: АП)

    Милиони жени низ САД ќе го изгубат правото на абортус откако Врховниот суд ја укина 49 години старата пресуда со која тој беше легализиран на национално ниво. Пресудата од случајот Роу против Вејд од 1973 година беше поништена неколку недели откако во јавноста протече судски документ во кој тоа беше најавено.

    Новата пресуда ќе ги трансформира правата за абортус во САД, бидејќи секоја сојузна држава сега има свое право да го забрани или да воведе ограничувања. Тринаесет држави веќе ги активираа законите со кои абортусот автоматски станува незаконски, а се очекува и други наскоро да го направат тоа.

    Севкупно, се очекува абортусот да стане илегален за околу 36 милиони жени во САД, односно во половина од сојузните држави.

    Врховниот суд повторно ја разгледуваше пресудата од случајот Роу против Вејд на барање на Мисисипи, кое бараше нејзино поништување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира