ВУЧИЌ И КУРТИ ВО ОХРИД ГО ПРОДОЛЖУВААТ ДИЈАЛОГОТ ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ ПОДДРЖАН ОД ЕУ

    ВУЧИЌ И КУРТИ ВО ОХРИД ГО ПРОДОЛЖУВААТ ДИЈАЛОГОТ ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ ПОДДРЖАН ОД ЕУПремиертот Ковачевски и претседателот Пендаровски се домаќини на Кури и Вучиќ во Вила Билјана во Охрид. (Фото: Влада на РСМ)

    Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пристигнаа во Македонија на нова рунда разговори со претставници на ЕУ за спроведување на договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Двајцата лидери ќе одржат одделни состаноци со шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, пред тринасочната сесија и прес-конференцијата што се очекува подоцна во текот на денот.

    „Јас сум оптимист“, рече Курти во пресрет на средбите што се одржуваат во Охрид. „Дојдов овде со добра цел, со добра волја и со доверба дека она што беше претходно договорено…ќе продолжи овде преку разговорите за планот за имплементација и на овој начин да имаме конечен договор за нормализацијата“.

    Косово и Србија минатиот месец во Брисел се согласија за договор поддржан од Западот за нормализирање на односите, по речиси 10 години дијалог со посредство на ЕУ за време на кој беше постигнат мал напредок. Сепак, сè уште е потребен договор за анекс за спроведување на планот, кој ќе биде во фокусот на денешните разговори.
    „Очите на ЕУ и Западен Балкан денес се вперени во Охрид“, напиша Борел на Твитер.

    Уставот на Србија го смета Косово за интегрален дел од нејзината територија, иако тоа прогласи независност во 2008 година. Белград и Приштина треба да ги поправат билатералните врски за обајцата да ја постигнат својата стратешка цел за пристапување во ЕУ.

    „Сакам да предупредам дека можеби нема да имаме конечен договор“, изјави Габриел Ескобар, висок американски дипломат за Западен Балкан, кој исто така присуствува на разговорите во Охрид, за приштинската станица РТВ21. „Ќе работиме на финализирање на анексот, но очекувам голем напредок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира