ВУХАН ДЕЛУМНО СЕ ОТВОРИ ПО ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ ЦЕЛОСНА ИЗОЛАЦИЈА

    ВУХАН ДЕЛУМНО СЕ ОТВОРИ ПО ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ ЦЕЛОСНА ИЗОЛАЦИЈАЗасега е дозволено да се влезе, не и да се излезе од Вухан (Фото: АФП)

    Вухан, кинескиот град кој важи за епицентар на глобалната пандемија на коронавирусот, делумно е отворен по два и пол месеци целосна изолација.

    Голем број патници се снимени како пристигнуваат на главната железничка станица во Вухан, при што е дозволено да се влезе, но не и да се излезе од градот.

    Во Вухан, главен град на провинцијата Хубеи, се регистрирани повеќе од 50.000 случаи на коронавирус, но бројките драматично паднаа во изминатиот период. Во Кина денеска се потврдени 54 нови случаи, но сите лица кои дошле од странство.

    Вухан, кој има 11 милиони жители, беше отсечен од светот од средина на јануари, при што патиштата беа блокирани, а во секојдневниот живот беа воведени драстични рестрикции. Од вчера, патиштата повторно се отворени за оние кои влегуваат во градот, а се отвораат и подземната железница и 17-те железнички станици.

    „Среќен сум што можам да си го видам семејството. Сакавме да се гушнеме, но ќе се воздржиме од тоа во овој период“, изјави студентот Гуо Лијангкаи, кој се врати во градот по три месеци.

    Сите кои влегуваат во градот мора да покажат зелен код на апликација на мобилен телефон, со што докажуваат дека се здрави. Излегување од градот ќе биде дозволено од 8 април.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира