ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ДА СЕ ОДБЛОКИРА ПАТОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ, ВЕЛИ МИЦОТАКИС, ШОЛЦ УТРЕ ВО СКОПЈЕ

    ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ДА СЕ ОДБЛОКИРА ПАТОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ, ВЕЛИ МИЦОТАКИС, ШОЛЦ УТРЕ ВО СКОПЈЕМицоталис смета дека целиот Западен Балкан би можел да се интегрира во ЕУ до 2033

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека Европската Унија би требала да ги интегрира шесте држави од Западен Балкан до 2033 година, што би бил храбар, но неопходен чекор. Во пресрет на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа во Солун, Мицотакис кажа дека ЕУ мора да докаже дека кога ќе постави една визија, има намера и капацитети и да ја оствари.

    Визијата на ЕУ за прием на регионот стана матна и исчезнува од очите на фрустрираните и разочарани граѓани, бидејќи проширувањето е во застој во изминатите години поради грижите околу безбедноста, управувањето и миграцијата“, вели Мицотакис.

    Самитот ЕУ-Западен Балкан е закажан за 23 јуни.

    Мојата порака е јасна: да му понудиме интеграција во ЕУ на целиот Западен Балкан до 2033. Тоа е амбициозен, но остварлив рок. Првиот чекор мора да се направи за две недели во Брисел и да се одблокира патот на Северна Македонија и Албанија“, вели грчкиот премиер.

    Германскиот канцелар Олаф Шолц од денеска е во дводневна посета на регионот, во обид да го поттурне преговарачкиот процес, при што утре ќе ги посети и Македонија и Бугарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира