ЗАВРШУВА ЕРАТА НА МЕРКЕЛ, ТРКАТА ЗА НЕЈЗИН НАСЛЕДНИК Е ОТВОРЕНА ПРЕД УТРЕШНИТЕ ИЗБОРИ

    ЗАВРШУВА ЕРАТА НА МЕРКЕЛ, ТРКАТА ЗА НЕЈЗИН НАСЛЕДНИК Е ОТВОРЕНА ПРЕД УТРЕШНИТЕ ИЗБОРИМеркел доминираше во германската и европската политика во изминатите 16 години (Фото: Гети)

    Трката за наследување на Ангела Меркел како германски канцелар е широко отворена на ден пред федералните избори. Меркел доминираше во германската и европската политика во изминатите 16 години и ова претставува крај на една ера, што на нејзиниот наследник ѝ остава голем товар.

    АРМИН ЛАШЕТ (ЦДУ/ЦСУ)

    (Фото: Гети)

    Важеше за фаворит, но тоа малку избледе во кампањата. Сепак, Лашет не е надвор од трката.

    Шеесетгодишниот Лашет е лидер на Демохристијанскиот сојуз на Германија (ЦДУ) и премиер на најнаселената сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде што го критикуваа дека лошо се справувал со пандемијата.

    Син на рудар, адвокат по професија, тој со години ја бранеше моќната германска рударска индустрија, како и имигрантската политика на Меркел.

    АНАЛЕНА БЕРБОК (Зелени)

    (Фото: Гети)

    Таа е првиот кандидат на Зелените за канцелар и единствена жена во трката. Поранешната шампионка во трамполина студирала право и политика и работела за Зелените во Европскиот парламент.

    Шансите на Зелените растеа во анкетите во почетокот на годината, но угледот на Бербок во меѓувреме опадна откако беше обвинета за плагирање и полнење на својата работна биографија. Бербок (40), која никогаш не била министерка, се залага за поцврст однос кон Кина и Русија.

    ОЛАФ ШОЛЦ (Социјалдемократи)

    (Фото: Гети)

    Како и Лашет, и 62-годишниот Шолц бил на повеќе високи функции во германската политика и моментално е министер за финансии и заменик на Меркел.

    За разлика од Лашет, неговите шанси да стане канцелар пораснаа во кампањата. Откако беше пратеник од 1998 до 2011, имаше успешни мандати како градоначалник на Хамбург (2011-2018), средувајќи ги финансиите на градот.

    Без разлика каков ќе биде исходот на изборите, следната германска влада ќе биде коалициска. Освен овие четири партии, други важни играчи на изборите би можеле да бидат Слободни демократи, крајнодесничарската Алијанса за Германија и Левица, која важи за тврдокорна левичарска партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира