ЖИТЕЛИТЕ НА КИЕВ БЕГААТ ОД ГРАДОТ ОТКАКО ПОЧНА РУСКИОТ НАПАД

    ЖИТЕЛИТЕ НА КИЕВ БЕГААТ ОД ГРАДОТ ОТКАКО ПОЧНА РУСКИОТ НАПАДГустиот сообраќај во Киев е во правецот на запад (Фото: Гети)

    Фотографиите од Киев покажуваат долги редици на автомобили додека жителите бегаат од градот, кој утрово беше цел на руски ракетирања. Густиот сообраќај е во правецот на запад, додека експлозиите се слушаа во источниот дел на градот, кон аеродромот „Бориспил“.

    Русија утрово почна воена операција во Украина, која се напаѓа од северот, истокот и југот. Снимките што ги објави украинската гранична служба покажаа влегување на руски воени конвои од Белорусија и од полуостровот Крим. Руските трупи веќе влегле во северните и источните региони на Украина.

    Украинските власти објавија дека досега загинале најмалку осум луѓе во руските напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира