„ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“ ЌЕ СЕ КАНДИДИРААТ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    „ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“ ЌЕ СЕ КАНДИДИРААТ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ„Жолтите елеци“ засега излегоа со листа со 10 кандидати, на чело со Ингрид Левавасер (Фото: АФП)

    Француското улично движење „жолти елеци“ сака и политички да се ангажира и ќе има свои кандидати на изборите за Европскиот парламент, што ќе се одржат во мај. Во прв момент, движењето излезе со десет имиња, но планира да ја зголеми листата на максимални 79.

    „Жолтите елеци“ ги почнаа своите протести во ноември, првично поради зголемувањето на данокот на горивата, кои потоа прераснаа во општо незадоволство од економските политики на претседателот Макрон. За време на протестите, во Париз се случија некои од најголемите насилства во последните 50 години.

    Листата на „жолтите елеци“ ја предводи Ингрид Левавасер, 31-годишна самохрана мајка од Нормандија, која ја обвини владата за арогантно однесување. Останатите кандидати се на возраст од 29 до 53 години и доаѓаат од различни социјални средини. Тие се нарекуваат себеси „Марш предводен од граѓани“ и засега немаат истакнат лидер.

    Со проширувањето на листата на 79 кандидати, „жолтите елеци“ ќе ги нападнат сите места што ѝ следуваат на Франција во Европскиот парламент.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира