ГЕРМАНИЈА НАЗНАЧИ СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК ЗА КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Берлин,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРМАНИЈА НАЗНАЧИ СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК ЗА КРИЗАТА ВО МАКЕДОНИЈА

    Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер го назначи амбасадорот Јоханес Хајндл за специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Ова попладнево го објави германското министeрство за надворешни работи на својот официјален твитер-профил.

    Јоханес Хајндл е поранешен новинар и дипломат. Од 2015 година е амбасадор на Германија во Виена, Австрија.

    Специјалниот пратеник, како што е објавено, во координација со претставниците на Европската Унија и на САД во земјава ќе посредува во решавањето на кризата.

    „Министерот за надворешни работи Штајнмаер назначи специјален пратеник за Македонија. Амбасадорот Хајндл ќе се координира одблиску со претставниците на ЕУ и на САД за поддршка на напорите за посредување“, стои во твитот на германското министерство за надворешни работи.

    Јоханес Хајндл

    Јоханес Хајндл

    Министерот Штајнмаер на 14 април даде изјава во врска со развојот на кризата во Македонија.

    “Одлуката на македонскиот Претседател на државата за ослободување од кривично-правно гонење на политичари и носители на функции, против кои се насочени обвиненија за драстичното неправилно однесување, им штети на правно-државните стандарди и правниот мир. Оваа одлука е во спротивност со спогодбата од Пржино, која е договорена меѓу македонските партии и ја поткопува работата на Специјалното јавно обвинителство како и неговата задача да ги истражи сите обвинувања во врска со злоупотребата на власта.

    Во фокусот сега мора да бидат засилени напори за успешно исполнување на минималните, заедно договорени, предуслови за спроведување на веродостојни избори во блиска иднина“, стои во изјавата на Штајнмаер дадена на 14 април оваа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари