КРИВИЧНИОТ СУД ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА “ТРЕЗОР“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КРИВИЧНИОТ СУД ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА “ТРЕЗОР“

    Основниот суд Скопје 1  го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство(СЈО) за  определување на мерки за претпазливост против три лица  во предметот на СЈО во јавноста познат како „Трезор“

    “Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решението на судија на претходна постапка од 04.11.2016 година за определување на мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Трезор“ на одржана седница денеска донесе решение со кое решението на судијата на претходната постапка се потврдува  и жалбата на СЈО за определување мерки на претпазливост за сите три лица се одбива како неоснована“,стои во денешното соопштение на Основниот суд Скопје 1.

    Во „Трезор“ осомничени се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, Тони Јакимовски-шеф на кабинет на Мијалков и членот на Управен одбор на Телеком Небојша Стајковиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира