НАЈМАЛКУ 13 ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ БЛИЗУ СТАДИОН ВО ИСТАНБУЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"Истанбул,(Би-Би-Си)

    НАЈМАЛКУ 13 ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ БЛИЗУ СТАДИОН ВО ИСТАНБУЛ

    Експлозии близу стадион по фудбалски натпревар во Истанбул, Турција, убија најмалку 13 луѓе и повредија десетици други.

    Министерот за внатрешни работи Сулејман Соглу кажа дека цел на автомобилот бомба била полицијата. Сведоци слушнале пукотници по експлозиите и возила на итна помош и полиција пристигнале кај стадионот.

    Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот, но бранот бомбашки напади годинава во Турција беше дело на курдски милитанти и Исламска држава. Фактот што цел на нападот е полицијата го насочува сомнежот на курдските герилци, кои најчесто ги напаѓаат безбедносните сили.

    Министерот за транспорт Ахмет Арслан на Твитер напиша дека се работи за терористички напад.

    Експлозиите се случија два часа по завршувањето на фудбалскиот натпревар на „Водафон арена“ меѓи Бешикташ и Бурсаспор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира