ОД 87.000 СОМНИТЕЛНИ ГЛАСАЧИ, САМО 34.000 ПОКАЖАЛЕ ВАЛИДНА ЛИЧНА КАРТА

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:301:"ТВАлсатМвечерваобјавидекамеѓународниотекспертодИФЕСзаклучилдекадеталнатапроверканаситеспорнизаписивоИзбирачкиотсписокнеможедазавршидо5јуни";s:9:"td_source";s:40:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ)

    ОД 87.000 СОМНИТЕЛНИ ГЛАСАЧИ, САМО 34.000 ПОКАЖАЛЕ ВАЛИДНА ЛИЧНА КАРТА

    Oд 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40.000 случаи, бидејќи граѓаните не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило друго лице, објави вечерва ТВ АласатМ, повикувајќи се на извештај испратен до членовите на ДИК подготвен од меѓународниот експерт Џон Арон од ИФЕС (Меѓународна фондација за изборни системи).

    Од тие лица кои биле пронајдени дома, само 34.000 покажале валидна лична карта или пасош, што покажува дека не можат да се обезбедат валидни информации за околу 12.000 имиња што се појавуваат на Избирачкиот список, стои во извештајот на кој се повикува АлсатМ. Извештајот од експертот на ИФЕС им бил даден на членовите на ДИК уште пред шест дена.

    Меѓународниот експерт заклучил дека деталната проверка на сите спорни записи во Избирачкиот список не може да заврши до 5 јуни и сугерира дека се потребни дополнителни проверки, кои според законските рокови, не можат да се извршат навреме.

    И покрај извештајот на меѓународниот експерт денеска беше усвоен збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки.

    Претседателот Александар Чичаковски гласаше против. Двајцата членови од СДСМ не присуствуваа на седницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари