СДСМ ќе оди на преговори во Виена само ако пред тоа се исполнат два услови: Претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболицијата и Собранието да се свика пак за да ја отповика одлуката за предвремени избори на 5 јуни, соопшти пред малку лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција.
Лидерот на опозицијата рече дека СДСМ ги исполнила сите обврски од Пржинскиот договор за разлика од неисполнетите обврски на останатите потписници.