ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА И ВО КАНАДА СО ПОДДРШКА ЗА СЈО И ЗА ТЕХНИЧКА ВЛАДА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:299:"МинататасредаиОбединетатаМакедонскаДијаспора(ОМД)побарапретседателотИвановдајаповлечеодлукатазааболицијаидасеодложатизборитезакажаниза5јуни";s:9:"td_source";s:47:"Торонто,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА И ВО КАНАДА СО ПОДДРШКА ЗА СЈО И ЗА ТЕХНИЧКА ВЛАДА

    Шарената револуција се прошири и во Канада. Пред македонскиот конзулат во Торонто вчера протестираа седумдесетина Македонци кои што протестираа за состојбите во нивната матична држава Македонија, јавија пријатели на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Било побарано прочистување на избирачкиот список, избалансирано известување од националната МРТВ и другите медиуми со национална концесија. Демонстрантите кои пред конзулатот носеле шарени балони и извикувале „Нема правда нема мир“, искажале и поддршка за Специјалното јавно обвинителство и побараа формирање специјален суд што ќе обезбеди правично судење за сите обвинети.

    Најважното барање било формирање на преодна, техничка влада која што ќе обезбеди услови и ќе спроведе слободни, фер и демократски избори.

    Минатата среда и Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) побара претседателот Иванов да ја поправи грешката што беше направена со неговата одлука за аболиција и да се одложат изборите закажани за 5 јуни, доколку за тоа се договорат политичкиите партии и се заложат за фер избори до крајот на годината.

    Како што на 27 април јави државната агенција МИА, дијаспората предлага организирање на демократски избори најдоцна до април 2017 година и ги повикува медиумите да известуваат објективно, одговорно и непристрасно, а граѓанските здруженија и невладини организации на одговорно однесување и промовирање на активностите што можат да придонесат до позитивни промени.

    торонто протест 1

    Демонстрантите пред конзулатот искажале и поддршка за Специјалното јавно обвинителство и побараа формирање специјален суд што ќе обезбеди правично судење за сите обвинети (Фото: А.Лукаровски)

    Собирот во Торонто траел безмалку два часа. Едни луѓе доаѓаале, други си заминувале, но за цело време преовладувала прекрасна атмосфера, јавуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК присутни на собирот. Според нив, меѓу присутните имало и многу членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои што не се согласуваат со политиката на актуелното раководство на нивната партија.

    Биле присутни луѓе од неколку градови во провинцијата Онтарио, а имало гости и од американскиот град Детроит. Тие биле дојдени специјално за овој настан, без оглед што во двете насоки морало да патуваат над 800 км.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари