СИНОТ И РОДНИНА НА ПРАТЕНИКОТ ОД ДУИ ЏЕВАД АДЕМИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ НА СВАДБА ВО МАЛА РЕЧИЦА

    СИНОТ И РОДНИНА НА ПРАТЕНИКОТ ОД ДУИ ЏЕВАД АДЕМИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ НА СВАДБА ВО МАЛА РЕЧИЦАПовредените се пренесени на скопските клиники, а едниот е опериран и е во тешка состојба; - Пратеникот од ДУИ Џевад Адеми (Фото: СДК.МК)

    Синот на пратеникот на ДУИ Џевад Адеми и негов роднина се повредени на свадба во Мала Речица од испукани куршуми. Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот на свадбата во дворот од куќата на 47-годишниот Б. Д. на улица 172 во Мала Речица.

    „Од испукани куршуми од огнено оружје повреди добиле 27-годишниот А. Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф. А. од Голема Речица. Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Од семејството на Адеми за медиумите на албански јазик потврдиле дека е повреден синот на пратеникот, но дека тоа се случило од заталкан куршум. Адеми утрово не беше достапен на мобилните телефони за коментар.

    Според болнички извори, поради сериозноста на повредите, двете лица уште синоќа итно се префрлени на скопските клиники, а опериран е едниот од нив кој е во мошне тешка состојба.

    СВР Тетово досега во повеќе наврати јавно апелираше учесниците на свадбените веселби да не користат огнено оружје, што  и со закон е забрането, но овие апели на полицијата малку се почитуваат во тетовско.

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира