35 ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЗЕМЈАВА Е ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНО ПРОТИВ КОВИД-19

    35 ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЗЕМЈАВА Е ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНО ПРОТИВ КОВИД-19Триесет и три отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. (Фото: К. Попов)

    Триесет и пет отсто од населението во земјава е целосно вакцинирано против ковид-10, односно примиле две дози, вели последниот извештај од Министерството за здравство.

    Вчера се аплицирани 2.798 дози вакцини, од кои 745 се аплицирани како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани.

    Педесет и три отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

    Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана.

    Вакцинацијата во земјава се одвива без закажување, со вакцините на „Фајзер“, „Синовак“ и „АстраЗенека“.

    Според анализата на Министерството за здравство, во период од 6 август до 7 октомври, 38.019 граѓанин, се тестирани позитивни на ковид-19, а од нив 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица.

    Според статистиката за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

    Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 7 октомври починале 1.277 пациенти со ковид-19, 1.070 пациенти од починатите, односно 84% не биле вакцинирани, а 16%, односно 207 примиле вакцина.

    Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

    Од почетокот на коронакризата во земјава се дијагностицирани лица 193.846 ковид-позитивни, оздравени се 176.278, починаа 6.783, а активни случаи се 10.785.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира