ДИСКОТЕКИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ СО 50 ОТСТО ОД КАПАЦИТЕТОТ, ОД 15 НОЕМВРИ ВЛЕЗ ВО КАФЕАНИ САМО СО ДВЕ ВАКЦИНИ

    ДИСКОТЕКИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ СО 50 ОТСТО ОД КАПАЦИТЕТОТ, ОД 15 НОЕМВРИ ВЛЕЗ ВО КАФЕАНИ САМО СО ДВЕ ВАКЦИНИСе дозволуваат и свадби на затворено со 50 отсто од капацитетот на објектот. (Фото: СДК.МК)

    Ноќните клубови и дискотеките можат да работат со 50 отсто од капацитетот на објектот, одлучи Владата. Од 15 ноември влез во затворени објекти, кафулиња и трговски центри ќе биде дозволен само за вакцинирани лица со две дози или прележан ковид-19 во  изминатите 45 дена.

    Како што информираат од Владата новите мерки се донесени согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести.

    „Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот. Се дозволува работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот“, велат од Владата.

    Денеска во земјава беа регистрирани нови 511 случаи на ковид-19, починаа 10 лица. Од 15 до 21 октомври по компликации од ковид-19 во земјава починале 124 лица, од кои 97 пациенти (78 отсто) биле невакцинирани, а 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, стои во неделниот извештај на Министерството за здравство.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира