ЌЕ ЗАЧУВАМЕ КОЛИЧИНА НА „ФАЈЗЕР“ АКО ОДЛУЧИМЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ДЕЦАТА ОД 12 ДО 16 ГОДИНИ, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ЌЕ ЗАЧУВАМЕ КОЛИЧИНА НА „ФАЈЗЕР“ АКО ОДЛУЧИМЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ДЕЦАТА ОД 12 ДО 16 ГОДИНИ, КАЖА ФИЛИПЧЕВакцината кај деца од 12 до 16 години во земјава, исто како и за возрасните, нема да биде задолжителна. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ќе направиме евалуација на сите препораки за тоа дали децата од 12 до 16 години треба да се вакцинираат, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи оти Американската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца.

    Според Филипче, Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука (МОН) периодов ќе работи на тоа да се направат протоколи, вклучувајќи ја и таа за вакцинација, со цел сите ученици од 1 септември да се вратат  со физичко присуство во училиштата.

    „Во нашите планови за пристигнување на вакцини, таа бројка на деца од 12 до 16 години можеме да ја покриеме со количина. И ќе ја зачуваме, ќе ја проектираме да биде за децата. Нормално дека нема да биде задолжителна. Има работа во однос на тоа да се подготви протокол, има многу препораки како би се одвивала наставата во една училница во однос на циркулација на воздух, отворање на прозори“, кажа денеска министерот.

    Од 1 октомври 2020, во школо одат само учениците од прво до трето одделение, а останатите онлајн следат настава. Учениците од дома учат уште од лани од март.

    На 6 мај годинава, Канада стана прва земја на светот која ја одобри ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за деца од 12 до 15 години, опишувајќи го потегот како светло на крајот на тунелот.

    „Фајзер“ претходно соопшти дека децата можат да имаат слични несакани ефекти од вакцината како возрасните, особено по втората доза. Во истражувањето што опфатило 2.260 млади волонтери, никој од целосно вакцинираните деца не се заразил со коронавирус.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира