МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ЌЕ ГО ЗЕМАТ БОНУСОТ ЗА КОВИД ВАКЦИНАЦИЈА НА ПАЦИЕНТИТЕ ЛЕТОТО 2022, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ЌЕ ГО ЗЕМАТ БОНУСОТ ЗА КОВИД ВАКЦИНАЦИЈА НА ПАЦИЕНТИТЕ ЛЕТОТО 2022, КАЖА ФИЛИПЧЕСпоред бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во земјава е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Матичните лекари ќе го добијат бонусот за пациентите кои ќе се вакцинираат против ковид-19 на крајот на пролетта – почетокот на летото 2022 година, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Владата синоќа донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари ако достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив, како дел од мерките за поголема имунизација на населението.

    Филипче кажа дека најголем број на пациенти кои ги има еден матичен лекар е 2.500, во просек околу 1.000 пациенти, и дека не е сума која треба да се занемари.

    На новинарски прашања како еден матичен лекар ќе убеди пациент да се вакцинира, ако досега не е е вакциниран, а притоа лекарот е тој што добива награда, Филипче одговори дека здравствените власти ќе остават некое време да делува оваа мерка и дека државата сѐ уште не размислува да воведе задолжителна ковид вакцинација за населението.

    „Матичниот лекар е тој што има директен контакт со пациентите. Многу е важно да сфатат дека вакцинацијата против ковид-19 мора да се спроведе. Во некои градови, некои лекари веќе имаат постигнато 70 отсто опфатеност“, рече Филипче на настан за одбележување на Светскиот ден на борба против сида.

    Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, до 27 ноември, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира