МОЖЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СЕ ПРИМАТ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД И СЕЗОНСКИ ГРИП, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    МОЖЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СЕ ПРИМАТ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД И СЕЗОНСКИ ГРИП, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕВакцинацијата против сезонски грип се одвива во центрите за јавно здравје во земјава и во делови од здравствените домови каде не се врши ковид имунизација. (Фото: К. Попов)

    Во исто време може да се примат вакцините против ковид-19 и сезонски грип, рече министерот за здравство Венко Филипче, откако денеска почна вакцинацијата против грип.

    „Без разлика дали е прва, втора или трета доза на вакцина против ковид-19 може да се прими во исто време со другата вакцина, а ако има временска разлика нема никаква врска колкава е временската дистанца“, рече Филипче.

    Годинава се набавени 40 илјади дози вакцини на сезонски грип, а денес се пуштени 4.300 термини во 18 пунктови низ земјава, и очекуваме, вели Филипче, за десетина дена да заврши имунизацијата.

    Вакцинацијата против сезонски грип се одвива во центрите за јавно здравје во земјава и во делови од здравствените домови каде не се врши ковид имунизација.

    Вакцината е бесплатна за следните ризични групи:
    – Стари лица (над 65 години)
    – Лица со хронични заболувања
    – Здравствени работници
    – Бремени жени
    – Децата на возраст од 6 месеци до 5 години

    За состојбата со ковид-19 во земјава, министерот го пренесе заклучокот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, дека не се препорачуваат нови рестриктивни мерки.

    Филипче апелираше до граѓаните да се вакцинираат, и да не се собираат на семејни слави и собири кои се актуелни овој период.

    Заклучно со 9 ноември против ковид-19 вкупно се вакцинирани 811.226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48.087 граѓани.

    Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира