НЕ МОЖЕ ЗА СЕКОЈ НОВ СОЈ НА КОВИД ДА ВОВЕДУВАМЕ РЕСТРИКЦИИ, СОСТОЈБАТА Е МИРНА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    НЕ МОЖЕ ЗА СЕКОЈ НОВ СОЈ НА КОВИД ДА ВОВЕДУВАМЕ РЕСТРИКЦИИ, СОСТОЈБАТА Е МИРНА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕФилипче денеска ја посети Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, каде е пуштен во употреба целосно реновиран Ургентен центар. (Фото: Принтскрин од видео)

    Прилично е стабилна епидемиолошката состојба со ковид-19 во земјава и лично сметам дека ниту поради сојот омикрон ниту поради кој друг нов сој треба да се воведуваат дополнителни рестрикции, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. На 24 декември беше детектиран прв случај на сојот омикрон во земјава, и засега останува единствен.

    Филипче вели дека следната недела ќе се прави нова група тестови за секвенционирање на вирусот, но дека засега нема знаци за влошување на ситуцијата.

    Во земјава има 4.832 активни болни од ковид-19, а министерот додава дека се испразнети голем број од Ковид-центрите и Инфективните одделенија.

    „Сметам дека сите земји треба да научат да живеат со оштите превентивни правила и да се зголемува степенот на вакцинација против ковид-19. Не можеме за секој еден сој да воведуваме мерки. Сметам дека тоа што се бара задолжителна вакцинација, мерките што важат да не се преполнуваат затворените простории, како и мерките за патување се сосема доволни“, кажа Филипче.

    За синоќешниот инцидент на Клиниката за пулмологија, кога била спречена експлозија откако пациент сместен во соба за кислородна поддршка ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, Филипче рече дека во собата имало други пациенти, но тие не се повредени, оти дежурниот медицински персонал брзо интевенирал и се спречила трагедија.

    „Секој треба да се однесува одговорно“, апелираше министерот.

    Филипче денеска ја посети Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, каде е пуштен во употреба целосно реновиран Ургентен центар, за кој рече дека е направен по сите европски стандарди. Реновирањето е инвестиција на Министерството за здравство, Агенцијата ТИКА, Фондацијата „Проект Коп“ и „Алма-М“. Со тоа, рече Филипче, болницата е целосно гасифицирана и за цел степен е зголем степенот на квалитет во интензивната нега, како и во грижата за бебињата.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира