ОД 25 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, НИЕДЕН НЕ БИЛ ВАКЦИНИРАН, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ОД 25 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, НИЕДЕН НЕ БИЛ ВАКЦИНИРАН, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОВо државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ниту еден од 25-те починати лица од ковид-19 во периодот од 6 до 12 август не бил вакциниран против вирусот, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на коронакризата во земјава по компликации од ковид-19 починаа 5.527 лица.

    Од 6-12 август во земјава 3.497 граѓани се регистрирани за позитивни, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Голем процент, 87,1% или 3.047 граѓани од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.  Од починатите 100% се невакцинирани.

    „Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход“, апелира Министерството.

    На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 571.392 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.808 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.574 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани.

    Во земјава има 3.746 активни случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје и Тетово.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира