ПОЛИЦАЈЦИ ГИ РЕГУЛИРААТ РЕДИЦИТЕ ЗА ВАКЦИНИ БЕЗ ТЕРМИН ВО СКОПЈЕ

    ПОЛИЦАЈЦИ ГИ РЕГУЛИРААТ РЕДИЦИТЕ ЗА ВАКЦИНИ БЕЗ ТЕРМИН ВО СКОПЈЕРедот пред скопската поликлиника „Букурешт“ го регулира полицаец. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Со полицајци денеска се регулираат редиците и гужвите пред влезовите на сите скопски поликлиники, откако вчера започна вакцинацијата против ковид-19 без закажан термин. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 428.081 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.413 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.335 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани.

    Со последните бројки, 56% од пријавеното население над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53% од пријавеното население над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49% од пријавеното население над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

    „Голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот вакцинација.мк е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 Арена Борис Трајковски во Скопје.

    Вакцинацијата во земјава се одвива со вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и на „Синовак“.

    „За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во системот ‘Мој термин’“, вели Министерството за здравство.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира