ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ СЕ БАРААТ КОВИД СЕРТИФИКАТИ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА, И ЗА МАКЕДОНЦИ И ЗА СТРАНЦИ

    ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ СЕ БАРААТ КОВИД СЕРТИФИКАТИ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА, И ЗА МАКЕДОНЦИ И ЗА СТРАНЦИВладата утре ќе одлучува за новиот предлог, да се барат ковид сертификати за влез и излез од земјава. (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата за влез и излез од земјава, и за граѓани на Македонија како и за сите други земји, да се бара или потврда за примена вакцина против ковид-19, или негативен ПЦР тест или потврда за прележана болест но само во првите 45 дена сметајќи од денот на оздравувањеро, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    Министерот најави дека Владата утре ќе одлучува за овој предлог, како и за тоа од кога би важела оваа мерка. Министерството за здравство вчера најави дека ќе се разговара за дополнителни локални рестрикции за Тетово, каде има силен наплив на болни во болниците, но Филипче денес кажа дека засега нема нови мерки. Комисијата и оваа недела ќе ја следи ситуацијата, а се размислува да се ограничи работното време на локалите и да се редуцираат местата во јавниот превоз.

    Филипче кажа и дека со оглед на тоа оти здравствените институции се соочуваат со силен бран, од денес во функција за ковид пациенти се враќаат Монтажната болница до Инфективна клиника и Инфективното одделение во Градската општа болница „8 Септември“. Ќе има и тријажен центар на Институтот за туберколоза, а се планираат и два тријажни центри, најверојатно, како што рече министерот, во поликлиниките „Јане Сандански“ и во „Ѓорче Петров“.

    Во однос на вакцинацијата во земјава, вакцинирано е 35 отсто од населението и околу 4.000 деца на возраст до 18 години. Филипче потенцираше дека во градовите каде има голем процент на вакцинирано население, како Охрид, Битола и Штип, нема притисок во болниците.

    Филипче најави и дека Националниот комитет за имунизација ќе препорача трета доза вакцина за пациенти со имунокомпромитирачки болести.

    Во однос на најавата на премиерот Зоран Заев дека земјава може да прими бегалци од Авганистан ако САД побараат од нас, Филипче рече дека Владата ќе се разговара за предлогот на здраствените власти, тие лица да одат во 14-дневен карантин и вакцинација.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира