ЗА СЕДУМ ДЕНА ОД КОВИД-19 ПОЧИНАА 260 ЛИЦА, 27,5 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛА

    ЗА СЕДУМ ДЕНА ОД КОВИД-19 ПОЧИНАА 260 ЛИЦА, 27,5 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛАВо изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје е хоспитализран 81 нов пациент. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 29 март до 4 април од ковид-19 починале 260 лица од 27 градови, што е 27,5% повеќе во однос на претходната недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возраста, 215 лица биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40-49 години, 4 лица од 30-39 години и едно лице од 20-29 години.

    Според извештајот, од 29 март до 04 април тестирани се 26.142 материјали , со зголемување од 5,0% во однос на минатата недела. Регистрирани се 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 6,9% во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (3.534; 44,5%), со неделна инциденца – 572,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 583,3/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци.

    Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 21,0 до 35,2%, или во просек 29,3%, со зголемување за 1,7% во однос на минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (2.392, 30,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (1.422; 17,9%), 30-39 (1.414; 17,8%), 40-49 (1.313; 16,6%) и 20-29 (917; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (94; 1,2%) и 10-19 години (381; 4,8%).

    По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус оздравени се стекнале 4.861 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 19,8% во споредба со минатата недела.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира