ЗЕМАЊЕТО БРИС ОД ГРЛО И НОС НА УЧЕНИЦИ ЗА КОВИД-19 ПОЧНУВА УТРЕ ВО ДВЕ СКОПСКИ СРЕДНИ ШКОЛИ

    ЗЕМАЊЕТО БРИС ОД ГРЛО И НОС НА УЧЕНИЦИ ЗА КОВИД-19 ПОЧНУВА УТРЕ ВО ДВЕ СКОПСКИ СРЕДНИ ШКОЛИОд ланските уписи во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Во скопските средни училишта „Панче Караѓозов“ и „Зеф Љуш Марку“ утре почнува тестирањето за ковид-19 со земање брис од грло и нос на учениците. Утре, како што соопшти Министерството за здравство, ќе се тестираат 258 средношколци од Скопје, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

    Вкупно, 8.178 ученици од 80 општини и градот Скопје, од 364 основни и 109 средни училишта низ земјава ќе бидат опфатени со скринингот за рано детектирање и превенција од ковид-19.

    Тестирањето се врши во координација со Министерството за образование и наука (МОН), а ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето. Тестирањето ќе трае помалку од една минута.

    „Тестирањето е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина. Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот ковид-19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата“, велат од Министерството и апелираат на поддршка од родителите при давање на потребната согласност.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира