ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ГРУПИТЕ ОД 1 ДО 39 ГОДИНИ, НАМАЛЕНА СМРТНОСТА И БОЛНИЧКИТЕ ПРИЕМИ

    ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ГРУПИТЕ ОД 1 ДО 39 ГОДИНИ, НАМАЛЕНА СМРТНОСТА И БОЛНИЧКИТЕ ПРИЕМИВо текот на минатата недела вкупно се пријавени 43 реинфекции, со зголемување од 19,4% во однос на претходната недела. (Фото: К. Попов)

    Од 20 до 26 декември намалена е смртнста од ковид-19 и бројот на пациенти во Ковид-центрите, но се регистрира зголемување на заболени во возрасните групи 0-9, 20-29, 30-39 и 50-59, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

    Пријавени се 42 смртни случаи во 16 градови во текот на изминатата недела, за 48,8% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (11). Во однос на возраста, најголем број (35; 83,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (3), 40-49 години (3) и 20-29 години (1).

    Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 312 лица (10,1% помалку во споредба со претходна недела), а од нив 178 се на кислородна поддршка (26,7% помалку во споредба со претходна недела) и 6 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (50,0% помалку во споредба со претходна недела).

    Од 20 до 26 декември тестирани се 24.694 материјали, со зголемување од 23,8% во однос на минатата недела. Регистрирани се 1.922 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, за еден позитивен случај повеќе во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 5,1% до 9,4%, просечно 7,7%.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.011; 52,6%), со неделна инциденца – 159,4/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Ресен 301,6/100.000.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60 (397, 20,7%) и 30-39 (397, 20,7%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (72; 3,7%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај лицата од возрасните групи 10-19, 40-49 и 60+.

    Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 982 (51,1%) лица од женски и 940 (48,9%) од машки пол.
    Со статус оздравени се стекнале 1.950 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

    Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 43 реинфекции, со зголемување од 19,4% во однос на претходната недела. Заклучно со 26 декември, вкупно се регистрирани 1.059 реинфекции (0,5%), од кои две се втори реинфекции.

    Според податоците на ИЈЗ, во однос на вакцинацијата против ковид-19, заклучно до 24 декември, со една доза на вакцина против ковид-19, во државата и странство, вакцинирани се 51,4% од населението над 18 годишна возраст, односно 47,5% од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 41,4%.

    Опфатот со две дози на вакцина против кај населението над 18-годишна возраст изнесува 49,7%, односно 45,9% кај население над 12-годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,0%.

    Опфатот кај работноспособното население (18-64 години) со една доза на вакцина изнесува 46,7% додека со две дози вакцинирани се 45,1%, односно 3,1% вакцинирани со трета доза.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира