ХАН НЕ ИСПРАТИЛ НОВО ПИСМО ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ПОТВРДИ БРИСЕЛ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:349:"ПисмоодБриселнема,тукуевроамбасадоротОравличногиконтактираллидеритеподитнодапрезематнештозаподготовканакредибилниизборикоиќебидатпризнаениодмеѓународнатазаедница";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХАН НЕ ИСПРАТИЛ НОВО ПИСМО ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ПОТВРДИ БРИСЕЛ

    Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан нема испратено никакво ново писмо до четирите лидери на партиите, како што викендов објавија повеќе медиуми во Македонија.

    Наводното писмо од Хан за време на продолжениот викенд дури беше и анализирано од експерти.

    Маја Коцијанчиќ, портпоролка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и за проширување денеска на барање на САКАМДАКАЖАМ.МК да ја открие содржината на писмото изјави: „Нема ново писмо. За тековната ситуација комесарот и европратениците продолжуваат да ги повторуваат поентите дадени во нивната изјава преку делегацијата на ЕУ, како елементи за тековните контакти меѓу партиските лидери“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК, Коцијаниќ.

    И партиски извори ни потврдија дека никакво писмо од еврокомесарот Хан не било стигнато до лидерите на партиите потписнички на Пржинскиот договор. Пред продолжениот викенд амбасадорот на ЕУ Аиво Орав уште еднаш контактирал со партиските раководства за да ја пренесе загриженоста на Брисел од заострувањето на политичката криза предизвикано од аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов и масовноста на протестите што се организираат низ цела држава.

    При тоа, евроамбасадорот Орав се повикал на повикот од Брисел политичките лидери под итно да преземат нешто за подготовка на кредибилни избори кои ќе бидат признаени од меѓународната заедница.

    Последното писмо што го испрати еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан заедно со европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл беше на 21 април, откако стана дека јасно дека нема да се одржи лидерска средба во Виена, претходно закажана за 22 април.

    „Постојаните проблеми со владеењето на правото во Скопје, кои ги нарушуваат договорот, мораат без одлагање да бидат решени. Тоа се однесува пред се на неодамнешната амнестија на претседателот и чекорите што итно треба да се направат за подготовка на кредибилни избори кои ќе бидат признаени од меѓународната заедница“, стои во писмото на Хан испратено на 21 април.

    Тие предупредија дека постојано нарушувањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата и длабоко жалат поради ретроградните чекори кои ја туркаа земјата вон нејзините аспирации кон влез во Европската унија.

    „Постојаните проблеми со владеењето на правото во Скопје, кои ги нарушуваат договорот, мораат без одлагање да бидат решени. Тоа се однесува пред се на неодамнешната амнестија на претседателот и чекорите што итно треба да се направат за подготовка на кредибилни избори кои ќе бидат признаени од меѓународната заедница“, стои во писмото на еврокомесарот и европратениците испратено уште на 21 април.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари