НА ПРОТЕСТОТ ВЛАДАТА ОБОЕНА, НА КОНТРАПРОТЕСТОТ ПОРТАТА ИЗЛЕПЕНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НА ПРОТЕСТОТ ВЛАДАТА ОБОЕНА, НА КОНТРАПРОТЕСТОТ ПОРТАТА ИЗЛЕПЕНА

    Со боја врз Владата и оро пред Собранието на Република Македонија завршија двата вечерашни протести во Скопје. Едниот беше организиран од граѓанската иницијатива Протестирам а другиот од провладината невладина организација Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

    Антивладините демонстранти пред Владата скандираа „Оставка, оставка“ и „Нема правда нема мир“, пишуваа графити на асфалтот, а со црвена и жолта боја на тротоарот пред Владата испишаа „Им нема спас“. Со балони со жолта, зелена и сина боја ја бојосаа фасадата на Владата.

    Зелена боја врз Владата (аматерска фотографија)

    Зелена боја врз Владата (аматерска фотографија)

    Пред тоа протестираа пред ЕУ Инфо центарот и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон за да тргнат кон резиденцијата на Претседателот на Водно.

    Во исто време пред Собранието на Република Македонија беше протестот организиран од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Приврзаниците на Владата беа донесени во Скопје со автобуси да протестираат против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на Зоран Заев и на Зоран Верушевски и за поддршка на изборите на петти јуни.

    аматерска фотографија

    Од протестот на ГДОМ

    Тие побараа стоп за хулиганството и уништувањето на спомениците и избори на петти јуни. Тие ставија лепенки на Порта Македонија на кои пишува „Народот е силата“, „Стоп на хулиганството“ и „Избори 5-ти јуни 2016“. Носеа пароли со анти НАТО и анти ЕУ содржина.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари