ПО 300 ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ ПЛИН ВО ВОЗИЛАТА ЌЕ ДАВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА, ПАРИ ЌЕ ИМА ЗА 900 ПРИЈАВЕНИ

    ПО 300 ЕВРА СУБВЕНЦИИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ ПЛИН ВО ВОЗИЛАТА ЌЕ ДАВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА, ПАРИ ЌЕ ИМА ЗА 900 ПРИЈАВЕНИОткако ќе се стави плин во возилата треба да се извади нова сообраќајна дозвола во МВР; - Министерот за економија Крешник Бектеши. (Фото: Влада на РСМ)

    Ако од денес се вгради плински уред во возилата ќе може да се добие субвенција од Министерството за економија во висина од 50 отсто од цената, но не повеќе од 300 евра. Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека во рамки на проектите за борба со аерозагадувањето, со ребалансот на буџетот за оваа намена се одвоени 15 милиони денари или 250.000 евра. Тоа значи дека субвенции ќе има за 900 пријавени .

    „За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму откако ќе го вградат уредот треба да се упатат во Техничка служба која ќе ја констатира преправката и потоа да се пријават во Министерството за внатрешни работи. МВР треба да издаде нова сообраќајна во која е евидентирана преправката, односно дека е монтиран плински уред. Постапката од моментот на доѓање во техничката служба до издавњето на новата сообраќајна дозвола не трае повеќе од 2 до 3 дена“, рече министерот Бектеши.

    За добивање субвенција, до Министерството за економија треба да се поднесе фискална сметка со сметкопотврда или фактура, копија од сообраќајната дозвола за возилото заверена на нотар во која е евидентирана промената, фотокопија од лична карта и број на трансакциска сметка.

    Огласот ќе трае 30 дена и ќе се одвива по принципот прв дојден, прв услужен.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира