ГЕРМАНИЈА ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА НА ДЕЦАТА ПРЕД УПИС ВО ГРАДИНКА И УЧИЛИШТЕ

    ГЕРМАНИЈА ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА НА ДЕЦАТА ПРЕД УПИС ВО ГРАДИНКА И УЧИЛИШТЕСо Законот родителите пред да ги запишат децата во градинка или училиште треба да покажат дека ја примиле вакцината. Доколку не го сториле тоа казната е 2.500 евра.(Фото: ЕПА)

    Од први март наредната година децата во Германија нема да можат да се запишат во градинка и во училиште доколку не се вакцинирани. Бундестагот го усвои законот со кој се воведува задолжителна вакцинација против морбили. За законот гласаа 459 пратеници, 89 беа против и 105 воздржани.

    Со Законот родителите пред да ги запишат децата во градинка или училиште треба да покажат дека ја примиле вакцината. Доколку не го сториле тоа казната е 2.500 евра.

    На децата кои веќе се запишани во градинка или училиште им се остава рок да ја примат вакцината до 21 јули 2021 година.

    „Заштита од сипаници е заштита на децата“, рече министерот за здравство Јенс Шпан, додавајќи дека вакцинирани треба да бидат и вработените во училиштата, градинките и здравствените установи.

    Според Институтот Роберт Кох, годинава од сипаници во Германија се заразило 501 лице. За да спречи ширење на болеста 95 отсто од населението треба да биде имунизирано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира