КОГА ЌЕ СЕ ЗАПЛЕНИ И ПРОДАДЕ ИМОТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, СО ТИЕ ПАРИ ЌЕ ГИ ОТСТРАНИМЕ БРОДОВИТЕ ОД ВАРДАР, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    КОГА ЌЕ СЕ ЗАПЛЕНИ И ПРОДАДЕ ИМОТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, СО ТИЕ ПАРИ ЌЕ ГИ ОТСТРАНИМЕ БРОДОВИТЕ ОД ВАРДАР, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ„Ќе бев многу посреќен истата таа инспекторката што шири дезинформации дека не смееме да чистите во коритото без дозвола, да го спречеше поставувањето на бродови во Вардар“, вели Шилегов. (Фото: К. Попов)

    Град Скопје има законска обврска да го одржува коритото на реката Вардар, не ни е потребна дозвола од Инспекторатот за животна средина, вели градоначалникот Петре Шилегов за активностите во коритото на реката кај населбата Ќерамидница.

    Град Скопје деновиве го чисти островот создаден во коритото кој е во должина од 250 метри и ширина од 14 метри, бидејќи според Шилегов претставувал опасност при евентуални обилни врнежи од дожд. За ваквите активности Инспекторатот по пријава на граѓани издал решение да се стопираат градежните работи, повикувајќи се на член 142 од Законот за води со кој за вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите потреба е дозвола.

    Градоначалникот Шилегов денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека за вакви активности не е потребна дозвола, тоа е законска обрвска на Градот, туку само да се извести надлежниот инспекторат.

    „Ќе бев многу посреќен истата таа инспекторката што шири дезинформации, да го спречеше поставувањето на бродови во коритото на Вардар. Тогаш беше нем сведок на лудило кои се случи во нашиот град. Дозвола е потреба да се постави брод во Вардар, а тогаш ја дала. Овој град има законска обврска да го одржува чисто коритото на Вардар. Ако истата госпоѓа дала дозвола да става бродови, а сега прави проблем дека чистиме остров, јасно ви е за кого станува збор“, рече Шилегов.

    На прашањето кога ќе ги отстрани бродовите од Вардар, како што најави до доаѓањето на функцијата Шилегов одговори „Отстранувањето ќе нѐ чини 6–7 милиони евра. Кога ќе се заплени имотот на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа и ќе се продаде, дел од парите ќе ги искористиме да ги отстраниме бродовите“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира