Досега се пронајдени 21 загинато лице во вчерашното невреме во скопскиот регион, соопштија од Министерството за внатрешни работи. 20 од нив се идентификувани и предадени на семејствата, а за едно лице се уште трае процесот на идентификација.
Загинатите се пронајдени во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци.
Од МВР информираат дека до 6 часот наутро во скопските болници побарале помош 22 лица, а потоа до 11 часот имало уште 56 повредени лица, од кои девет задржани, а останатите се пуштени дома.
Противпожарната бригада работи на испумпување на водата на критичните точки, а редуциран сообраќај има на дел од обиколница и во правецот од влез од населба Ченто кон Арачиново, додека во централното градско подрачје сообраќајот е нормализиран.
21 ЗАГИНАТ ВО НЕВРЕМЕТО, 20 ОД НИВ ИДЕНТИФИКУВАНИ И ПРЕДАДЕНИ НА СЕМЕЈСТВАТА
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)