НАЈМАЛКУ 4 МРТВИ И 150 ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈА, УТРОВО ВТОРПАТ СТРЕСЕ И ВО МАКЕДОНИЈА

    НАЈМАЛКУ 4 МРТВИ И 150 ПОВРЕДЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈА, УТРОВО ВТОРПАТ СТРЕСЕ И ВО МАКЕДОНИЈАЗемјотресот со магнитуда од 6,4 степени бил со епицентар на 30 км северозападно од Тирана, на длабочина од 20 км; - Падната зграда во Драч. (Фото: АП)

    Најмалку 4 жртви има во силниот земјотрес што утрово во 3.54 часот ја погоди Албанија, во кој паднаа згради, а 150 луѓе се повредени. Американскиот геолошки истражувачки центар кажа дека земјотресот со магнитуда од 6,4 степени бил со епицентар на 30 км северозападно од Тирана, на длабочина од 20 км.

    Едно лице загина во Драч, на 33 км од Тирана, кога паднала зградата, а спасувачките служби се борат да спасат и други од зградата. (Фото: АП)

    Овој земјотрес кој траеше околу 20-на секунди силно се почувствува и во Македонија, како и послабиот потрес околу 7 часот утринава. Земјотресот беше почувствуван и во Бугарија, Босна, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Италија.

    Министерството за одбрана на Албанија кажа дека маж и жена загинале кога паднала зграда во Тумане, 36 км северно од Тирана. Едно лице загинало откако скокнало од неговиот дом за да избега од тресењето во Курбин, 50 км северно од главниот град. Уште едно лице загина во Драч, на 33 км од Тирана, кога паднала зградата, а спасувачките служби се борат да спасат и други од зградата.

    Земјотресот се почувствувал вдолж албанското крајбрежје, а поради бројните афтершокови властите го повикаа населението да остане надвор. Многумина велат дека има пукнатини на ѕидовите од нивните куќи, а луѓето се собираат на отворено.

    Ова е втор голем земјотрес по оној со магнитуда од 5,6 на 21 септември, кој оштети околу 500 куќи и за кој Министерството за одбрана на Албанија рече дека е најсилен во последниве 30 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира