ОТКАКО ЗАГИНА ДЕТЕ, КУМАНОВО ОСТАНА БЕЗ ЛИФТОВИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОТКАКО ЗАГИНА ДЕТЕ, КУМАНОВО ОСТАНА БЕЗ ЛИФТОВИ

    Сѐ уште не работи лифтот во зградата на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово, каде што пред два месеци загина 6-годишно дете. Станарите велат дека откако инспекцијата го затворила лифтот, никој не кажува кога ќе го поправат и ќе го пуштат да работи.
    „Сѐ уште не го користиме лифтот и не знам дали некој повеќе ќе влезе во него. Немаме информација зошто не го поправаат“, рече кратко една станарка од зградата.
    По трагедијата во расипаниот лифт, уште во неколку станбени згради во Куманово се исклучени лифтовите поради техничка неисправност.

    Во седумкатницата во трговскиот центар Гарнизон во центарот на Куманово, триесетина семејства повеќе од еден месец мака мачат како да стигнат до своите станови оти лифотвите се исклучени

    Во седумкатницата во трговскиот центар Гарнизон во центарот на Куманово, триесетина семејства повеќе од еден месец мака мачат како да стигнат до своите станови оти лифтовите се исклучени

    Во седумкатницата во трговскиот центар Гарнизон во центарот на Куманово, триесетина семејства повеќе од еден месец мака мачат како да стигнат до своите станови. Залудни се молбите и жалбите на станарите да ја забрза поправката, бидејќи велат, „душата им е во нос“ и повеќе не можат да го издржат качувањето по високите скали.
    „Лифтот не работи повеќе од еден месец. Дојдоа инспектори од Скопје и рекоа дека лифтот не е безбеден да се употребува. Направија записник и го запечатија. Од тогаш сме на големи маки. Има стари и болни луѓе, бремени жени, мали деца кои не можат да се качуваат по скали. Знаете што значи да ги носиш децата во раце 150 скали за да стигнеш до станот, два три пати на ден“, вели Ајдини Ридван, кој живее на 4 кат.
    Соседите најмногу стравуваат дека може да се случи некоја несреќа, ако на некого му е потребна лекарска помош на овие високи температури.  На 6-тиот кат живее семејството Станојковски,  брачен пар со сериозни здравствени проблеми. Сопругот Чедомир (77) пред неколку години преживеал мозочен удар и онака тешко се движи по станот. Излегувал исклучиво со лифтот, а сега таа можност му е ускратена. Повеќе од 30 дена е како во кафез, исто како и неговата сопруга Правда (70).
    „ Живееме на 6-ти кат, плус три ката дуќани под зградата како на 9-ти кат сме. Не дај боже да ни се слоши, нема да можеме да слегнеме долу, ниту Брза помош да се качи до горе. Секој ден лепче ни купува една сосетка за да не умреме од глад. Постојано имавме проблеми со лифтот, малку работи па малку не работи, но ова е премногу“, велат сопружниците.

    Чедомир (77) и Правда (70) Станојковски живеат на 6-тиот кат, тој пред неколку години преживеал мозочен удар и тешко се движи, излегувал исклучиво со лифтот, а сега 30 дена е како во кафез, исто како и сопругата

    Чедомир (77) и Правда (70) Станојковски живеат на 6-тиот кат, тој пред неколку години преживеал мозочен удар и тешко се движи, излегувал исклучиво со лифтот, а сега 30 дена е како во кафез, исто како и сопругата

    Станарите бараат од фирмата задолжана за одржување на зградата под итно да го поправи лифотот, бидејќи тие тврдат дека редовно ги плаќале месечните сметки.
    „Ние плаќаме месечна такса на фирмата ’Еко-Тим’ и тие треба да најдат решение за проблемот. Кога ги прашуваме што стана со лифтот немаат објаснување. Бараме што побрзо да го поправат лифтот за да продолжиме нормално да живеме“, вели Сабит Куртеши (60).
    Во телефонскиот разговор, претставник на фирмата „Еко-Тим“ ни рече дека за зградата на улицата Борис Кидрич чекаат одговор колку ќе чини поправката на лифтот, по што пресметката ќе ја достават на станарите.
    „Таму е проблем што лифтот нема техничка документација и со години не е редовно сервисиран, поради тоа што голем дел од станарите не живеат во зградата и не плаќале редовно за негово одржување. Сега лифтот не е безбеден да се користи и затоа е исклучен. За лифтот каде што загина детето не е завршено вештачењето и не знаеме кога ќе се стави во функција“, рекоа од фирмата.
    Процедурата налага откако ќе се поправи лифтот да се повика лиценцираната инспекциска служба да ја потврди неговата исправност и дури потоа да се пушти во употреба. Трошоците за сервисирање на лифтот ги носат исклучиво сопствениците на станови.
    Долгогодишниот проблем со неисправните лифтови во Куманово излезе на површина на 26 јуни годинава, кога расипан лифт уби дете. Тогаш соседите кажуваа дека во лифтот била расипана лизгачката врата, па наместо да почекаат да се поправи станарите од повисоките катови побарале вратата да се блокира и продолжиле да го користат. Тоа било фатално за малото дете кое само се возело и најверојатно лифтот во движење му ја потфатил раката. Се чекаат резултатите од вештачењето на Машинскиот факултет, за да покажат што се случувало во лифтот на денот на несреќата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира