Карантинот во Кина и растот на починати и заразени од коронавирусот имаат и ќе имаат драматичен ефект врз туристичките дестинации низ светот. Празни се атракациите во Токио, Бангкок, Австралија и Камбоџа, кои се вообичаено преполни со кинески туристи.
„Сите тури кои беа закажани од Кина ми се откажани. За февруари изгубив 15 тури“, вели 77-годишниот Егертон, кој 25 години работи како туристички водич во Квинсленд, Австралија.
„Кинезите сочинуваат 10 до 20 проценти од мојот бизнис. Мислам дека Владата не го разбира губењето на приходите и влијанието врз бизнисите. Забавните паркови страдаат, хотелите страдаат. Во големито групи има до 20 до 500 луѓе. Кина е наш најголем туристички пазар“, вели тој.
Во Австралија во 2019 дошле 9.4 милиони посетители, од кои 7.96 биле од Кина и потрошиле 32. 7 милијарди австралиски долари.
Кина е исто така најголем потрошувач на светско ниво. Бројките велат дека Кинезите трошат 277 милијарди долари, или 16 отсто од вкупните 1.7 трилиони долари кои се трошат во светот на туризам.
Отсуството на кинеските туристи се забележува не само во Азиско-Пацифичкиот Регион, туку и во делови во Европа и Америка.
Светската здравствена организција (СЗО) прогласи здравствена состојба од меѓународен ризик поради коронавирусот. САД, Велика Британија и Канада ги предупредија нивните државјани да не патуваат во Кина, а голем број авиокомпании ги откажаа летовите од и до Кина. Досега починаа 259 лица, а 12 илјади се заразени низ светот.