ИНСПЕКТОРОТ ОД ГРАД СКОПЈЕ НЕ ДОСТАВИ НИКАКВИ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ „ЕКО КЛУБ“, ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ПРЕДИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА, ВЕЛАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    ИНСПЕКТОРОТ ОД ГРАД СКОПЈЕ НЕ ДОСТАВИ НИКАКВИ ДОКАЗИ ЗА СЛУЧАЈОТ „ЕКО КЛУБ“, ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ПРЕДИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА, ВЕЛАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТООд Обвинителството велат дека од досегашната предистражна постапка, направените проверки од СВР Скопје и од досега обезбедените писмени докази, се утврдени определени факти од значење за пријавениот настан; - Снимки од погонот на „Еко клуб“ презентирани на прес-конференцијата во Град Скопје на 4 февруари.(Фото: Град Скопје)

    Инспекторот од Град Скопје кој го пријавил случајот за несоодветен третман на медицински отпад од  фирмата „Еко клуб“, не доставил никакви докази, тврдат од Основното јавно обвинителство. Од таму велат дека главниот инспектор на Град Скопје Мирослав Богдановски кривичната пријава ја поднесол на 13.12.2019, три дена откако го забележал настанот, а Обвинителството веднаш постапило по пријавата.

    „При поднесувањето на пријавата, подносителот не достави материјални докази, а за настанот не е приложена ниту службена белешка, ниту записник за констатирани неправилности од страна на подносителот-инспектор. Веднаш, истиот ден по приемот на кривичната пријава, дежурниот јавен обвинител пред кој беше пријавен настанот и кој изготви записник за прием на кривична пријава, издаде наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази во поглед на наводите во пријавата“, се вели во соопштението на Обвинителството.

    Од досегашната досегашната предистражна постапка, направените проверки од СВР Скопје и од досега обезбедените писмени докази, Обвинителството утврдило определени факти од значење за пријавениот настан.

    „За целосно утврдување на фактичката состојба, Обвинителството ја продолжува предистражната постапка. Надлежниот јавен обвинител денеска до СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал издаде наредба од мобилниот телефон на главниот инспектор во Град Скопје да бидат издвоени видеоматеријалите што тој ги снимил со цел овие материјали да бидат обезбедени на законит начин. Од страна на Град Скопје дополнително на 31.01.2020 година преку архивата на обвинителството е доставено ЦД со определени материјали“, се вели во соопштението на Обвинителството.

    До Државниот инспекторат за животна средина е издадено барање за достава на податоци за сите дополнителни проверки и за констатираните состојби во постапувањето со медицински отпад од страна на правното лице, а до Управата за финансиска полиција издадена е наредба за проверки во поглед на финансиското работење на правниот субјект.

    Градоначалникот Петре Шилегов на 4 февруари на заедничката прес-конференција со Богдановски објави снимки како во погоните на „Еко клуб“ медицинскиот отпад без термички да се обработи и стерилизира се депонирал како комунален отпад на „Дрисла“. На снимките се забележуваат епрувети со крв, игли, шприцеви, крвави гази и друг медицински отпад, исцедокот од камионите се исфрла во канализација, а кучиња скитници го јадат и развлекуваат отпадот. Шилегов кажа дека случајот го пријавиле во Јавното обвинителство и праша зошто досега не се постапува по пријавата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира