Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека ниту сакаат, ниту планираат да формираат ново мнозинство во парламентот, иако тоа можат да го направат, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот статус на Фејсбук на генералниот секретар на неговата партија Љупчо Николовски.
Николовски синоќа напиша дека „доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори“.
„Ниту сакаме, ниту планираме формирање на мнозинство, кое што секако е извесно. Знаете дека е тоа возможно да го направиме, затоа што сме пред обезбедување 80 пратеници, а не пак мнозинство од 61 пратеник. Но, не сакам тоа никој да го сфати како закана. Сакаме да има избори на 12 април и парламентот да се распушти навреме. Верувам дека ќе донесе Законот за Јавно обвинителство“, изјави Заев, кој денеска со Николовски во посета на Тиквешкиот регион.
- ДУИ ЌЕ ГЛАСА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, АХМЕТИ ЌЕ ТРГНЕ ОД КИЧЕВО И ЗА ПОЛА СААТ Е ВО СОБРАНИЕ, КАЖА ГРУБИ
- РАСПРАВАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ ПОЧНА ВО СОБРАНИЕТО, СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ ИСКАРАА КОЈ ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ
- СИТЕ ДОГОВОРЕНИ ЗАКОНИ МОРА ДА СЕ ДОНЕСАТ ПРЕД ДА СЕ РАСПУШТИ СОБРАНИЕТО, ВЕЛИ СПАСОВСКИ
- ЏАФЕРИ ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО, АМА ОТВОРИ ВРАТА ЗА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО
За законите за одбрана и за Јавно обвинителство, кои тој очекува да се донесат во Собранието пред да се распушти, рече дека се работи за аргументација која што треба да им ја дадеме на Холандија и Франција и сите други земји, членки на ЕУ.
„Се работи за уникатна можност, да направиме обид со двотретинско мнозинство да донесеме вака значајни закони. Едниот е консеквенца на нашето членство во НАТО, тоа е законот за одбрана, а Законот за Јавно обвинителство на крајот е за правна држава. Преку овој закон ќе утврдиме дали ќе победи правната држава или оние кои се осомничени за незаконски дејствија“, рече Заев во Неготино.