Со два златни и еден бронзен медал, Хрватска се најде на седмото место на табелата со освојувачи на медали во атлетика на Олимписките игри во Рио, но само Велика Британија од европските земји има повеќе медали.
Британците, кои се на втората позиција во севкупниот пласман, во атлетика освоија седум медали, од кои две златни, една сребрена и четири бронзени. Исто колку и Хрватска има Германија.
Медали во атлетика за Хрватска во Рио освоија Сандра Перковиќ, која победи во фрлање диск, Сара Колак победи во фрлање копје и Бланка Влашиќ беше трета во скок во височина. Вкупно, Хрватска на оваа Олимпијада освои десет медали, од кои пет беа златни.
Најуспешна атлетска нација во Рио беа Американците со 13 злата, 10 сребра и бронзи, пред Кенија со шест злата, шест сребра и една бронза. Американците повторно се лидери и во генералниот пласман со 119 медали, од кои 44 златни.
ХРВАТСКА СТАНА АТЛЕТСКА ВЕЛЕСИЛА ВО РИО, ВО ЕВРОПА САМО БРИТАНИЈА ИМА ПОВЕЌЕ МЕДАЛИ
a:1:{s:9:"td_source";s:18:"Рио,(Хина)