ВОЗАЧОТ НА КОМБЕТО СО БОЛНАТА ОД КОРОНАВИРУС ПРЕНЕСЕН ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА ПОРАДИ КАШЛИЦА И БОЛКИ ВО ГРАДИТЕ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ВОЗАЧОТ НА КОМБЕТО СО БОЛНАТА ОД КОРОНАВИРУС ПРЕНЕСЕН ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА ПОРАДИ КАШЛИЦА И БОЛКИ ВО ГРАДИТЕ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕРезултатите на третиот пациент кој денеска се испитуваше, се негативни, а состојбата на пациентката со коронавирус, која се наоѓа во изолираниот дел од Инфективна клиника е стабилна; - Од граничниот премин Табановце. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Возачот на комбето со кое се превезуваше патничката заболена од коронавирус е пренесен во струмичката болница, бидејќи се пожалил симптоми на вирусот. Тој во моментов се наоѓа во делот за изолација, земени му се примероци од екипи од Центарот за јавно здравје на Струмица и испратени се во Скопје. Како што кажа министерот за здравство Венко Филипче, за неколку часа ќе се знаат резултатите.

    „Возачот на комбето со кое се превезуваа патниците од Италија, сигнализирал кашлица и болки во градите. На соодветен начин е пренесен во делот за изолација во болница во Струмица. Доколку е негативен резултатот, ќе се лекува во инфективното одделение во Струмица, а ако е позитивен ќе биден пренесен на Инфективната клиника во Скопје“, кажа министерот Филипче.

    Филипче кажа дека возачот бил сам дома, и откако се вратил од Италија немал контакти ниту со членови на семејство.

    Резултатите на третиот пациент кој денеска се испитуваше се негативни, а состојбата на пациентката со коронавирус, која се наоѓа во изолираниот дел од Инфективна клиника, е стабилна.

    По барање на Министерството за здравство, Владата на денешната седница донесе препорака да се одложат сите јавни настани, а спортските и културните настани да се одржуваат без публика, како превенција од ширење на коронавирусот. По препораката на Владата откажани се карневалите во Струмица и Прилеп.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира